Тухел останува тренер на ПСЖ до 2021 година

Фото: psg.fr

Германскиот стратег потпиша нов договор според кој ќе ги води париските „светци“ до 30 јуни 2021 година.

Минатата година успеа да го освои Суперкупот на Франција во Шенжен (Кина), а воедно сезонава му помогна на тимот да дојде до својата осма титула во Лига 1 шампионатот.

– Среќен сум што го продолжив договорот. Би сакал да му се заблагодарам на претседателот и на целиот клуб за нивната доверба во мене. Ова само ги зголемува моите амбиции да продолжам со напорната работа. Исто така, сум многу трогнат и од поддршката на нашите навивачи и сигурен сум дека најдоброто допрва доаѓа од нас – се зборовите на Тухел.

Воедно задоволен од продолжување на договорот е и првиот човек на клуб и извршен директор, Насер Ал-Келаифи.

– За една година Томас успеа да донесе една фантастична енергија во секојдневниот живот на клубот, не само за играчите, туку и за целиот Париз Сен Жермен. Голем фудбалски фан кој исто така ги слуша и другите околу него. Со стручност во играта и ние сме среќни што можеме да се потпираме на неговите квалитети – рече Ал-Келаифи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот