Тухел не го издржа притисокот, го напушти ПСЖ!

epa08667226 Paris Saint-Germain's head coach Thomas Tuchel reacts during the French Ligue 1 soccer match between Paris Saint-Germain (PSG) and Olympique Marseille at the Parc des Princes stadium in Pa?ris, France, 13 September 2020. EPA-EFE/Julien de Rosa

На „Паркот на принцовите“ за Божиќ францускиот шампион ќе добие нов шеф на клупата…ПСЖ во средата го совлада убедливо Стразбур со 4:0, овој месец обезбеди место во нокаут-фазата во Лигата на шампионите.

Моментно париските „светци“ се третопласирани на табелата во француската „Лига 1“ со еден бод заостанување во однос на водечкото дуо Лион и Лил.

Денеска управата на ПСЖ одлучи да го отпушти досегашниот тренер на клубот, Томас Тухел.

Германецот во поголем дел од минатата сезона работеше под сериозен протисок, а остана на клупата и после поразот во финалето на ЛШ. Притисокот не се намали ни оваа сезона, а во негов прилог не одеа ниту четирите порази во првенството.

Се шпекулира дека можно е како нов тренер на ПСЖ да биде промовиран Маурисио Почетино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот