Тухел ќе биде награден со нов договор
Томас Тухел ќе потпише нов договор со Челси, објави италијанскиот новинар, Фабрицио Романо.
Челси синоќа по втор пат стана европски шампион откако во финалето го совлада Манчестер сити, а управата на „сините“ не планира да мирува и во наредните денови ќе разговара со најзаслужниот за големиот успех, Томас Тухел за продолжување на соработката.
Германецот кој на почетокот од годинава пристигна на „Стемфорд бриџ“ се очекува да потпише нов двегодишен договор со можност да се продолжи за уште една сезона, пишува италијанскиот новинар Фабрицио Романо.
Новиот договор со најави и самиот Тухел и тоа веднаш по самото финале.
– Не сум 100 проценти сигурен, но со оваа победа можеби веќе имам нов договор – изјави Тухел, кој притоа додаде дека сака да биде дел од Челси и во наредните години.
🗣 “I’m not 100 per cent sure, but maybe I have already a new contract with that win!”
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) May 30, 2021
ВИДЕО: Челси е новиот европски шампион, Тухел станува „кошмар“ за Гвардиола!