Тухел и Челси газат на сите фронтови, „сините“ во полуфиналето на ФА Купот

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Фудбалерите на Челси обезбедија пласман во полуфиналето на ФА Купот откако денеска на „Стемфорд бриџ“ со 2:0 го совладаа Шефилд јунајтед.
Со триумфот, Челси им се приклучи на Манчестер сити и на Саутемптон, додека последиот учесник во завршницата ќе биде познат по вечерашниот дуел меѓу Манчестер јунајтед и Лестер.

Челси кој нема пораз откако Тухел го наследи Френк Лампард на клупата, поведе во 24. минута кога Оливер Норвуд го совлада сопствениот голман Арон Рамсдејл.
„Сините“ доминираа и во продолжението од натпреварот, но победата ја заверија во судиското продолжение преку Хаким Зијех.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот