Туфегчиќ: Конфликтот меѓу двете клучни институции за борба против корупцијата е опасен за општеството

Ваков јавен конфликт помеѓу две клучни институции за борба против корупцијата е пред се општествено опасен – пишува во објава на Фејсбук адвокатот Владимир Туфегчиќ.

– Во мојата скоро 30 годишна адвокатско-судиска кариера паметам неколку тивки и скриени од јавноста конфликти на важни функционери кои завршувале со тивки „повлекувања” од функцијата, што од лични, што од здравствени причини. Во тогашниот „трул” општествен систем постоел механизам и авторитет да го артикулира конфликтот и да не дозволи да излезе надвор од контрола со што ќе предизвика штета за државата – наведува Туфегчиќ.

Тој потенцира дека поради фактото што во државава очигледно нема таков механизам и авторитет, овој конфликт ги има сите предиспозиции да ескалира.

– Конечно, овој отворен конфликт и сериозните меѓусебни обвинувања на првите луѓе на овие институции, ги компромитира и доведува во прашање непристрасноста во активните кривични предмети пред надлежниот суд, како и тие по кои во моментот се постапува – пишува во својата објава на социјалните мрежи Владимир Туфегчиќ.

Фото: Објава на Фејсбук на Владимир Туфегчиќ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот