Централен митинг на СДСМ во Скопје

Кандидатот за претседател од СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски вечер ќе одржи централен митинг во Скопје пред седиштето на Делегацијата на ЕУ, а ќе почне со граѓански марш од пред зградата на Црвениот крст.

Кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска-Давкова, која централниот митинг во главниот град го имаше синоќа, вечер ќе има собири во Свети Николе и во Велес.

Кандидатот за претседател Блерим Река, кој за претседателските избори е поддржан од Алијансата на Албанците и Движењето Беса, вечер ќе има средби со граѓаните на Желино.

Кампањата почна на 1 април и ќе трае до 19 април, по што ќе следува 24-часовен изборен молк пред денот на гласањето во првиот круг закажан за 21 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот