Трамп: Зошто Светска Банка и позајмува пари на Кина, Пекинг е премногу богат

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја повика Светска Банка да престане со позајмувањето пари на Кина. Повикот доаѓа еден ден по одобрувањето на планот на Кина од страна на Светска Банка за позајмување на 1.5 милијарди долари со ниска каматна стапка до 2025 година.
Планот предвидува кредитиранњето „постепено да се намали“.
– Зашто Светска Банка и позајмува пари на Кина? Дали ова е можно? Кина има многу пари и ако има потреба од нови, тие ги создаваат. СТОП!-, напиша Трамп на твитер.
Од Светска Банка за Ројтерс изјавија дека позајмувањето пари на Кина драстично е опаднато како дел од договорот со сите акционери, вклучувајќи ги и САД. Светска Банка и позајми 1.3 милијарди долари на Кина во 2019 година, додека во 2017 година, и позајми 2.4 милијарди долари. Но падот на заемите на Светска Банка за Кина е премногу бавен според администрацијата на Трамп. Тие велат дека Пекинг е премногу богат и нема потреба од меѓународна помош.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот