Трудовиот инспекторат го казни вицепремиерот Артан Груби со 500 евра за роденденот на Али Ахмети

Државниот инспекторат за труд го завршил надзорот во Министерството за политички систем и утврдил дека министерот Груби го прекршил Законот за заштита на населението од заразни болести затоа што како одговорно лице ја дозволил прославата без маски, објави ТВ Телма.

Инспекторите веќе му го врачиле прекршочниот платен налог од 500 евра, а за институцијата согласно законот за прекршоци нема глоба.

Поводот за прослава без маски во во понеделникот беше 62-риот роденден на лидерот Али Ахмети и пуштањето во употреба на просториите во новата барокна зграда од 14 милиони евра, каде ќе биде седиштето на новото Министерство за политички систем.

Вицепремиерот Груби казната треба да ја плати за 8 дена, а досега ја плати помалата од дваесет евра за неносење маска издадена од МВР како што добија и сите останати на фотографијата.

Полицијата ги удри по џеб: Казнети функционерите на ДУИ за неносење маски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот