Трудо вешто избегна да го обвини Трамп за авионската несреќа во Техеран

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Меѓу патниците имаше и 57 Канаѓани. Трудо, како што пренесува „Ал Џезира“, внимателно избегнал за трагичниот инцидент – кој се случи откако САД го ликвидираа генералот Касем Сулејмани – да го обвини американскиот претседател Доналд Трамп.

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека сите 176 луѓе, колку што имаше во украинскиот авион кој минатата недела беше срушен со иранска ракета откако полета во Техеран, сега би биле живи доколку тензиите во регионот не ескалираа.

Меѓу патниците имаше и 57 Канаѓани. Трудо, како што пренесува „Ал Џезира“, внимателно избегнал за трагичниот инцидент – кој се случи откако САД го ликвидираа генералот Касем Сулејмани – да го обвини американскиот претседател Доналд Трамп.

– Да немаше ескалации во регионот, тие Канаѓани сега ќе беа дома со своите семејства. Вакви работи се случуваат кога има конфликти и војна. Невините луѓе го изнесуваат најтешкиот товар во овие ситуации – порача канадскиот премиер.

Трудо додаде дека е „очигледно“ оти тој би сакал да биде предупреден пред наредбата на Трамп за ликвидацијата на Сулејмани.

Канада има трупи во Ирак во рамки на НАТО-мисијата, потсетува „Ал Џезира“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот