ТРУДО не се сеќава колку пати го боел лицето црно: Јавноста продолжува со притисокот врз канадскиот премиер

Фото: Профимедиа

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека не се сеќава колку пати го мачкал своето лице со црна боја додека бил млад, откако скандалот кој се прошири околу него се засили пред престојните избори, објави Би-би-си.

Тој мораше да и се обрати на јавноста, откако се појавија нови фотографии од минатото, каде може да се забележи дека канадскиот лидер го боел лицето со црна боја во младоста.

– Претпазлив сум за да бидам конкретен околу ова прашање поради тоа што не се сеќавам на дел од овие фотографии – изјави тој за новинарите во Винипег.

Објавувањето на овие фотографии ја потресоа неговата кампања пред изборите закажани за 21 октомври.

Дополнително, фотографиите се срамотни за премиерот, бидејќи тој се претставува како голем борец за социјална правда, инкузивност и диверзитет.

„Црното лице“, маска која беше многу почеста во минатото, особено во забавната индустрија, вклучува белци кои го бојат своето лице со црна боја, и од многумина се смета за расистичка карикатура и навреда кон афроамериканците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот