Трудо на протест против расизмот, клекна во знак на солидарност

Канадскиот премиер Џастин Трудо вчера присуствуваше на протест против расизмот во Отава и клекна во знак на солидарност со демонстрантите.

По убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис при полициското апсење, низ САД избувнаа протести поради бруталноста на полицијата, кои на моменти беа и насилни, а имаше и слични протести во други земји, вклучително и Канада.

Трудо во Отава пристигна со обезбедување носејќи црна платнена маска на лицето. Откако неколку демонстранти го повикаа да клекне, тој го стори тоа, по што тие му се заблагодарија.

Тој кимна со главата и демонстрантите извикуваа „црните животи се важни”.

Трудо на почетокот од неделава изјави дека Канаѓаните се ужаснати од убиството на Флојд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот