Трудо: Канада силно ќе одговори ако Трамп воведе нефер царини

Канадскиот премиер во заминување, Џастин Трудо, денеска изјави дека неговата земја ќе одговори „силно“ доколку американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини за производите увезени од Канада. Трудо им рече на новинарите дека „сè е на маса“, објави „Си-ен-ен“.

„Доколку се воведат нефер царини, ние ќе одговориме силно и ќе бидеме таму за да ги поддржиме Канаѓаните и да ги заштитиме нашите интереси“, рече Трудо.

Веднаш по преземањето на функцијата претседател на Соединетите Американски Држави, Трамп во понеделникот рече дека неговата администрација ќе воведе данок од 25 отсто за стоките од Канада и Мексико, кој треба да стапи на сила на 1 февруари.

Трудо мислеше на наредбата на Трамп што ја потпиша во понеделникот, која ги упатува официјалните лица да анализираат како Трговскиот договор САД-Мексико-Канада (USMCA) влијае на американските работници и бизниси и да проценат дали САД треба да останат во договорот за слободна трговија.

Трамп побара од агенциите да проценат дали построгите трговски политики на САД би можеле успешно да го ограничат протокот на фентанил и недокументирани мигранти во САД.

„Додека помалку од еден процент од фентанилот и илегалните имигранти кои влегуваат во Соединетите држави доаѓаат од Канада, нашата влада веќе реагираше за да одговори на загриженоста што претседателот (Трамп) ја искажа за граничната безбедност со сеопфатен граничен план вреден над милијарда долари“. рече Трудо, пренесува Танјуг.

Тој рече дека Канада „веќе работи заедно“ со САД за да се осигура дека „граѓаните се безбедни од двете страни на границата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот