Трудо го распушти Парламентот и распиша избори за 21 октомври

EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH / POOL

Канадскиот премиер Џастин Трудо го распушти Парламентот и распиша општи избори за 21 октомври.

Трудо имаше средба со генералната гувернерка Џулија Пајет, вршител на должноста шеф на државата, која и формално даде одобрување за почеток на шестонеделна изборна кампања.

– Канаѓаните ќе излезат на избори на 21 октомври. Направивме многу во изминатите четири години, но вистината е дека допрва почнуваме, изјави Трудо. Тој оцени дека Канаѓаните треба да одлучар дали сакаат да се вратат на неуспешната политика на конзервативната влада, која верува во кратења и штедење.

Според анкетите на јавното мислење, опозициската Конзервативна партија според популарност се доближува до либералите на Трудо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот