ТРУДО ГО РАСПНАА ЗА СЛИКА ОД ПРЕД 18 ГОДИНИ: Се облекол како Аладин и го зацрнил лицето на МАСКЕНБАЛ, сега се извинува заради РАСИЗАМ!

Канадскиот премиер Џастин Трудо се извини бидејќи на еден маскенбал го намачкал лицето со црна боја, откако пет недели пред изборите го прозиваат заради слика од тој настан која некој токму сега ја објавил во јавност.

Фотографијата од во тоа време 29-годишниот Трудо со лице кое е затемнето со шминка е главен предизвик за лидерот кој често говори за важноста за борбата против расната дискриминација и кој во својот кабинет има три истакнати министри од индиско потекло.

„Требаше да знам подобро, но не знаев. Длабоко жалам за тоа што сум го направил“, рече Трудо откако Тајм ја објави сликата на која се гледа како носи турбан и бела наметка, лице покриено со темна шминка.
На гала приемот кој тематски беше посветен на Арапските ноќи, облеков костим на Аладин и ставив шминка, рекол Трудо.

Канадскиот премиер е во тесна битка со конзервативниот лидер Ендру Шир пред сојузните избори на 21 октомври, а Шир го користи објавувањето на оваа фотографија максимално да поентира, па на сите страни изјавува дека е многу шокиран и разочаран.

„Тоа шминкање е дело на отворен потсмев и расизам. Канаѓаните сега видоа некој со целосен недостаток на расудување и интегритет и кој не е подготвен да управува со оваа земја“, им рече тој на новинарите во Квебек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот