Трудо го отфрли предлогот за размена на директорката на Хуавеи за затворените Канаѓани во Кина

Џастин Трудо / Фото: Архива на Слободен печат

Канадскиот премиер, Џастин Трудо изјави дека размената на двајцата затворени Канаѓани во Кина за директорката на Хуавеи, која е во куќен притвор во Канада, врз основа на барање за екстрадиција на САД, во опасност ќе доведе милиони Канаѓани.

Зборувајќи на редовната дневна прес конференција за коронавирусот во Отава, Трудо му одговори на коментарот на кинескиот претставник кој во средата најави дека Пекинг е подготвен да разговара за ослободувањето на двајцата Канаѓани, осудени на повеќе од 560 дена затвор за шпионажа, доколку Отава се откаже од постапката за екстрадиција на финансиската директорка на Хуавеи, Менг Ванжоу, која е и ќерка на основачот на Хуавеи.

Портпаролот на кинеското Министерството за надворешни работи, Џaо Лијан, на прес-конференција изјави дека откажувањето од процесот на екстрадиција на Менг, која од САД е обвинета за економски криминал, ќе биде „во согласност со владеењето на правото и ќе помогне во решавањето на проблемот на двајцата канадски државјани”.

Поранешниот дипломат Мајкл Ковриг и претприемачот Мајкл Спавор, кои во Канада станаа познати како „двајцата Мајкла”, беа уапсени само неколку дена откако Менг беше уапсена во Ванкувер во декември 2018 година.

Трудо изјави дека не може да дозволи „произволните апсења на канадските државјани да влијаат врз функционирањето на нашиот правосуден систем”.

-Не станува збор само за двајцата Мајкли, туку за секој Канаѓанец што патува за Кина или на друго место, рече Трудо.

„Доколку кинеската Влада заклучи дека оваа размена и интеракција е ефикасен начин да се здобие со надмоќ над Канаѓаните и над канадската Влада за произволно да апси Канаѓани, оттогаш ниту еден Канаѓанец нема да да биде безбеден”, рече Трудо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот