Трудно формирањето на нова влада во Бугарија по парламентарните избори

epa09114947 A handout photo made available by the Bulgarian Government Press Office shows Bulgarian Prime Minister Boyko Borissov casts his ballot at a polling station during the parliamentary elections in Sofia, Bulgaria, 04 April 2021. EPA-EFE/GOVERNMENT PRESS OFFICE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Според прелиминарните податоци на социолошката агенција „Алфа Рисрч”, во новиот бугарски парламент влегуваат седум партии, јави дописникот на МИА од Софија.

Според прогнозите, партијата на бугарскиот премиер Бојко Борисов ГЕРБ освоила 25,7 проценти од гласовите, опозицискиот БСП 17,6, а многу блиску до неа, според други социолошки агенции може и да ја помине, е формацијата на шоуменот и ТВ-водител Слави Трифонов „Има таков народ” која освои 15,2 отсто.

Другите партии кои влегуваат во новиот бугарски парламент се Движењето за права и слободи со 11,0 проценти освоени гласови, Демократска Бугарија на поранешниот министер за правда Христо Иванов со 10,4 отсто, „Исправи се! Мутри надвор!” на поранешната правобранителка на земјата Маја Манолова освои 4,2 проценти, а партијата на Красимир Каракачанов ВМРО според првичните резултати влегува во парламентот со 4,0 отсто од гласовите на избирачите.

Има многу сериозен одлив од владејачката партија во Бугарија ГЕРБ и од најголемата опозициска сила во земјата досега БСП, покажуваат социолошките анализи по завршувањето на парламентарните избори во Бугарија.

Лидерката на „Исправи се! Мутри надвор!” Маја Манолова е категорична дека изборните резултати покажуваат победа на вонпарламентарната опозиција, формирана за време на протестите во Бугарија минатото лето. Постои сериозен одлив од двете формации, кој изнесува скоро 700.000 гласачи.

Некои гласачи на ГЕРБ гласале за Демократска Бугарија, како и за партијата на Слави Трифонов. Според бугарските социолози, повеќето од овие гласачи гласале за партијата на Слави Трифонов – „Има таков народ”, која, според Галуп, за околу половина процент ја помина главната опозициска формација Бугарската социјалистичка партија, покажуваат прелиминарните резултати. Според социолозите, партијата на Слави Трифонов може да биде одлучувачка сила за одредување каква влада ќе има Бугарија.

Денешните парламентарни избори во Бугарија имаат најмала излезност од 48 проценти или скоро 3.000.000 граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот