Трудница од Гостивар е меѓу починатите од коронавирусот

Инфективна клиника Фото: Слободен печат / Драган

31-годишната пациентка од Гостивар која почина на Инфективната клиника во Скопје како заразена од коронавирус е трудница која на 26-ти мај е потврдена како позитивна и била итно оперирана од гинеколози пред да биде сместена на Инфективна, пишува Телма.

Во гинеколошка итна операција на 26-ти мај, пациентката е оперирана и е изваден мртов плод. Таа била префрлена на инфективната клиника кадешто било надзор на гинеколози, трансфузиолози, епидемиолози и инфектолози.

-ДЗСИ секојдневно го следеше лекувањето на трудницата и од аспект на нашите овластувања нема никакви забелешки за лекарските интервенции односно на пациентката и се дадени сите терапии и соодветна нега, изјави др. Иринка Бухова Сотирова за Телма.

Пациентката од Гостивар е втората бремена жена која по гинеколошка интервенција починала од последици на коронавирус. Претходно 26-годишна жена од Куманово после породувањето, почина на инфективна клиника во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот