Трудница по 7 дена пронајдена мртва во езеро, полицијата едвај ја идентификуваше

Тело на бремена жена во напредна фаза од бременоста е пронајдено како плови во езерото Мичиген. Бремената жена била избодена до смрт, а била идентификувана како 19-годишна девојка од Чикаго.

По идентификацијата, официјалните лица објавија дека исчезнатото лице од Чикаго е бремената девојка Иријана Вилер, која била помеѓу шестиот и деветтиот месец од бременоста, пишува Daily Mail.

Полицијата се јавила и дала информации дека на младата жена и биле нанесени повеќе повреди со остар предмет, поради што нејзината смрт се истражува како убиство. Обдукцијата допрва треба да ја открие точната причина за смртта на бремената жена.

Иријана Вилер беше пронајдена како лебди во водата минатата недела, каде што наводно поминала помеѓу седум и 12 дена. Нејзиното тело беше забележано од рибар на 15 август, а до 20 август канцеларијата на шерифот објави скица за тоа како изгледала жртвата пред да помине извесно време во вода. После тоа, канцеларијата добила неколку десетици повици, од кои едниот ги однел кај бремената Иријана.

Вилер е снимена со надзорна камера како влегува во продавницата, што беше последен ден кога беше видена жива. Се уште не е познато како завршила во вода, а за овој злочин се уште никој не е уапсен.

Видео на денот