Трстена во битка со ковид-19: Благодарение на Бога и лекарите се чувствувам подобро!

Фото: facebook.com/shaban.trstena.56

Шабан Трстена денеска со нови информации до јавноста во борбата против коронавирусот, тој им се заблагодарува на сите кои ја испраќаат поддршката и молитвите за неговото здравје.

Пред три дена беше објавено дека легендата на македонското борење доби позитивен тест на ковид-19.

Во изминатите четири дена тој се наоѓаше во тешка состојба, а благодарение на Бога и лекарите од денеска се чувствува подобро.

– Ве поздравувам од болница, мои почитувани добри луѓе. Дозволете ми од мое име да им се заблагодарам на сите што ме контактираа преку телефонски мрежи низ целиот свет, од наши соседи од Балканскиот полуостров, од Европа и Америка, сè до моето родно место Македонија. Навистина со рака на срце, ви благодарам на сите и горд сум што ве имам како мои пријатели.

Браво што се јавувате само да прашете за моето здравје и состојба како сум, за вашите коментари со поддршка и ви благодарам многу на сите за молитвите што ги упативте за моето здравје. Тоа покажува дека и во тешки случаи останувате близу мене. Но, навистина не можејќи да ви одговорам на сите еден по еден, дозволете ми преку овој пост (објава) да ве поздравам со почит и искрено до сите што ме респектиравте како личност и како спортист.

Фото: Принтскрин/facebook.com/shaban.trstena.56

Овие четири дена бев во многу тешка состојба со моето здравје, и од оваа ситуација во моментов сум под режим и покровителство на херојски лекари, кои се 24 часа подготвени да помогнат. Благодарение на лекарите и секако благодарение и на Бога, од денес се чувствувам подобро и малку поудобно. Јас со мојот борбен дух се борам да го надминам овој предизвик и сум оптимист и се надевам, во име и на Бога ќе успееме и во оваа борба и ќе го победам.

Мои пријатели, браќа и сестри, спортисти, уметници, професори, писатели,новинари, глумци. Нема што повеќе да кажам само да бидете внимателни, следете ги правилата и водете сметка за вашата хигиена бидејќи ковид-19 не знае кој сте вие, не простува и нема милост. Да живеете и Бог да ве чува од оваа болест. Со почит, вашиот спортист и пријател – се зборовите на Шабан Трстена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот