Трстена, легендата на македонското борење: Заедно да напишеме историја!

фото: фејсбук

Најмладиот олимписки шампион, Шабан Трстена исто така се вклучува во борбата за спречување на ширењето на коронавирусот.

Многу спортисти, играчи се наоѓаат во домашна изолација, карантин, многу натпреварувања се одложени.

Легендата на македонското борење, Шабан Трстена исто така се вклучува во борбата за спречување на ширењето на коронавирусот.

„ЗЛАТНА ПРИКАЗНА“: Пред 35 години Трстена стана најмладиот олимписки шампион!

Денеска се огласи на својот Фејсбук профил и апелира до луѓето да останат дома:

фото: принтскрин/фејсбук

– По секој предизвик се брише поразот или победата, ајде да ја напишеме историјата заедно, како победници. Народе, јас останувам дома, ве молам, останете и вие – напиша Трстена на Фејсбук.

И пред четири дена имаше објава на Фејсбук во која вели дека како млад спортист секојдневно пред да почне со тренинзи му се молеше на Бога да му помогне со тоа што ќе му даде што повеќе здравје и бескрајна волја за да тренира што повеќе со една единствена цел – постигнување на врвни успеси.

– И сега секојдневно му се молам на Господ да го спаси нашиот народ од оваа светска закана поради коронавирусот, со повик и до моите сограѓани да бидат внимателни во овие кризни денови и да ги испочитуваат препораките на релевантните државни органи и на нашите лекари. Пред сè за здравјето на нашите деца – се зборовите на Трстена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот