Трпевска: МРТВ како јавен сервис има најголема одговорност за детално информирање на јавноста за ширењето на вирусот

-Јас како и секој граѓанин ги следам случувањата со Корона вирусот. Забележувам работи кои што се битни од аспект на тоа каква улога играат медиумите. Кога имаме ваква криза во јавното здравство, како што се епидемиите е многу битно прашање таа криза да не се преточи во комуникациска криза, бидејќи дури тогаш може да има големи и штетни последици, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Жана Трпевска, медиумски експерт за известувањето на медиумите, етичките принципи, начинот на известување.

Новинарството и начинот на известување влијае во рушењето на довербата на граѓаните кон надлежните институции.

-Сега е уште потешко, бидејќи можноста за луѓето да бидат дезинформирани е поголема, па така и одговорноста на професионалните медиуми е поголема. Значи кредибилните медиуми оваа ситуација треба да ја сфатат како предизвик и како одговорност, бидејќи јавноста има за право да знае што се случува. Кај нас се уште нема комуникациска криза. Надлежните институции редовно, континуирано ги информираат медиумите за тоа што се случува. Исто така гледам дека и традиционалните и дел од новите он-лајн медиуми покажуваат интерес и одговорност да ја следат ситуацијата и да информираат, изјави Трпевска.

Кај нас нема science новинарство за разлика од пример во Србија, каде и јавните и приватните медиуми прават инфографици поврзани со вирусот, па оттука МРТВ како јавен сервис има најголема одговорност. Тие треба под итно да ја прилагот програмата и да се насочат кон детално информирање на јавноста за ширењето на вирусот.

-Како што реков, МРТВ како јавен сектор и по закон е најодговорна да пренесува едукативни содржини во различни ситуации особено во квакви ситуации. Да не зборам дека треба да биде и најпрофесионална во известувањето. Вчера прочитав еден коментар на социјалните мрежи во кој со право се критикува МРТВ и еден новинар за тоа дека додека се води разговор со министерот за здравство не може да се пуштаат прилози на претставници на опозицијата со цел да се направи вештачки баланс. Значи тоа МРТВ не смее да го прави. Мора да се задржат професионалните стандарди, изјави Трпевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот