Трпеше понижувања и критики поради партнерката, а сега славната актерка се сврши со неа

Актерката Кристен Стјуарт (31) се сврши со својата девојка, сценаристката Дилан Мајер, по двегодишна врска.

Гостувајќи во шоуто Хауард Стерн, Кристен изјави дека таа и нејзината девојка се подготвени да преминат на следното ниво на врската и да направат посериозен чекор во животот.

– Дефинитивно ќе се венчаме. Отсекогаш сакав да бидам запросена, а таа тоа го направи на совршен начин. Ќе се венчаме – рекла Кристен.


Гласините за свршувачката почнаа уште во јули годинава, кога актерката беше забележана со свршенички прстен на раката.

Американските медиуми првпат ги поврзаа актерката и сценаристката во јули 2019 година, а својата врска ја потврдија на Инстаграм дури во октомври истата година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristen (@kristenjaymesstewartnews)

Иако Кристен не користи Инстаграм, нејзината свршеница и идна сопруга редовно објавува заеднички фотографии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dylan Meyer (@spillzdylz)

Да потсетиме, Кристен само еднаш ги коментираше наводите дека е во врска со девојка, а потоа откри дека нема никаков проблем јавно да зборува за својата сексуалност. Таа беше подложена и на критики поради својата сексуална ориентација.

– Сакам само да уживам во мојот живот. За жал, во обид да го заштитам мојот приватен живот, всушност го уништив. Но, што значи сето ова? Дека не можете да излезете со личноста со која сте во врска? Не можете да зборувате за тоа во интервјуа? Постојано ме предупредуваа дека ако сакам да ја зачувам кариерата и славата, морам да внимавам на се, а не да се појавувам во јавноста држејќи се за рака со девојка – рекла Кристен своевремено.

Инаку, Кристен беше во долгогодишна врска со британскиот актер Роберт Патинсон, со кого играше во серијалот „Самрак“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот