Трпеновски: ДКСК ќе го прегледа целиот случај со Рашковски

Во своето гостување во „Топ тема“, членот на Комисијата за спречување на корупција и судир на интереси, Горан Трпеновски потврди дека ДКСК ќе ги испита сите индикатори по допрен глас од медумите, врзани за анкетниот лист на Драги Рашковски, неговите приходи и сразмерноста со стекнатиот имот во Побожје.

– Ние како комисија ќе го видиме анкетниот лист на Драги Рашковски и потоа ќе отвориме процес во соработка со финансиската полиција. Ние треба да видиме дали нема сразмерност помеѓу платата и приходите и стекнатиот имот, истакна Трпеновски.

Алсат-М: Рашковски ќе гради хациенда од 800 квадрати во Побожје, а како инвеститори се заведени неговите деца

Рашковски вози џип вреден 74 илјади евра кој не фигурира во неговиот анкетен лист

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот