Симон Трпчески ја воодушеви светската музичка критика: „Варијации“ избран за албум на месец јуни

симон трпчески
Симон Трпчески / Фото: Принтскрин/Фејсбук

Култното британско музичко списание „Грамофон“ во јунскиот број го изводи новиот албум на нашиот светски познат пијанист Симон Трпчески за компакт диск на месецот.

Новиот албум на Трпчески насловен „Варијации“ е неговото најново соло издание и трето за издавачката куќа „Лин рекордс“ и вклучува дела од Моцарт, Бетовен и Брамс.

симон трпчески
Симон Трпчески / Фото: Принтскрин/Фејсбук

Како што пишува Патрик Рукер од „Грамофон“ албумот изобилува со восхит и зачуденост подеднакво. „Интерпретацијата на Трпчески на оваа деликатна, нежна музика е најличното свирење што сум го слушнал од него. Длабоко прецизен, но во исто време чист, жесток и срдечен. Можеби тоа е прогресијата на афектите што ги прикажува Брамс во текот на овие 16 варијации што Трпчески ги смета за толку пригодни. Не е важно. Она што го прави тој е тоа што оваа изведба ја прави толку убедлива.

Сепак, наместо да навлегува во духот на музиката, што Трпчески го прави со леснотија во Брамс, во Моцартовите „Paisiello“ варијации се чини дека сака да ни претстави пародија. Цврсто метричкиот, кршлив звук што тој го користи речиси може да биде метафора за пристапот на „Dresden china doll“ на „старите лоши времиња“ на интерпретацијата на Моцарт“.

Со Бетовеновите C-moll варијации се враќаме на познатото темелно и чисто тло, како кај многу советски/руски пијанисти од минатиот век. Настапот на Трпчески овде може да послужи како саундтрак на научно-фантастичен филм на Андреј Тарковски.

Симон Трпчески доби максимални пет ѕвездички, како за изведбата така и за квалитетот на снимката на албумот „Варијации“ и од престижниот британски „BBC Music Magazine“ чиј рецензент Мајкл Чрч ја потенцираше карактеристичната префинетост на пијанистот, убавината и лесниот допир кои изведбата во исто време ја прават интимна и моќна.

Францускиот музички критичар Ален Ломпеш истакнува дека македонскиот пијанист Симон Трпчевски прави да не се фокусирате само на музиката, туку дека овие варијации се воедно и вистинска лекција за стил – на крилестата виртуозност на пијанистот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот