Тротоар долг 500 метри се прави во Злокуќани

Екипите на Град Скопје денеска почнаа со изведба на нов тротоар на јужната страна на улицата Скупи, на потегот од бензинската пумпа на „Макоил“, па се до крстосницата со улицата 10 која води кон Бардовци. Новиот тротоар ќе биде долг 500 метри, широк два метра и покриен со асфалт на површина од вкупно 1.000 квадратни метри.

– За жал, на оваа локација никој не предвидел изградба на тротоар, а сите знаеме колку беше небезбедно движењето на пешаците. Нашата цел е на пешаците кои го користат овој потег да им обезбедиме непречено и безбедно движење. Сведоци сте дека Градот Скопје константно работи на ослободување и на создавање нови пешачки простори се со цел да имаме побезбедни пешачки површини за сите наши граѓани – рече портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху, на почетокот на изградбата на новиот тротоар.

На изградба на новиот тротоар ќе работат екипите на ЈП „Улици и патишта“. Градежните работи се очекува да завршат за околу еден месец, во зависност од временските услови.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот