Трошоците ја намалија добивката на „Витаминка“

„Витаминка“ АД Прилеп за периодот Јануари – Март 2019 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех.

Од компанијата велат дека единечните вкупни приходи во првото тромесечје од 2019 година изнесуваат 573.400 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2018 година бележат пораст од 40%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 98%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2018 година се повисоки за 39%.

Остварените единечни вкупни расходи во првото тромесечје од 2019 година изнесуваат 525.859 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2018 година бележат раст од 36%. Висината на вкупните расходи е во корелација со работењето во првото тромесечје од 2018 година.

Во извештајниот период е остварена добивка по оданочување во висина од 12,174 илјади денари, која во споредба со добивката за истиот период од минатата година е намалена за 46%. Тоа најмногу се должи на растот на поедини групи на трошоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот