Трошоците за изградба на Универзална сала да ги плати владата, Луна Паркот ќе биде само со реквизити

Данела Арсовска на прес пред универзална сала / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Градот Скопје не се јавува како инвеститор и ние не бараме повеќе средства за изградба на Универзалната сала. Лицето кое го изведува проектот вели дека има непредвидени трошоци и тој бара поголема сума која Градот ја нема, а Владата треба да ја обезбеди, рече градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

– Лице кое таму се јавува како инвеститор, во текот на својата работа направил, односно генерирал непредвидени трошоци. Тој бара поголема сума сума која Градот ја нема, а сума која што Владата треба да ја обезбеди, затоа што иницијално таа беше онаа која ја обезбеди и првичната сума за изградба на Универзална сала, рече Арсовска на денешната прес-конференција во одговор на прашање.

Таа напомена дека Градот Скопје нема никаква вина во тоа што се случува ниту има каков било удел во делот на трошоците кои што ги генерирал на лице место изведувачот.

Околу планот за изгардба на новиот Луна парк, Арсовска рече дека нема да има никакви градења, односно ништо повеќе од она што е предвидено со проектот, а тоа се единствено реквизити за забава.

– Нема никакви згради, нема никакви изданија, нема сечење на дрвја, нема ништо надвор од она што е предвидено со основниот проект. После повеќе од деценија на немање на Луна парк, сметам дека скопјани и помладите генерации заслужуваат да можат да се радуваат на ваков парк, рече Арсовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот