Трошановски за „Слободен печат“: Политички напредок со Бугарија ќе нема, барем да извлечеме економски бенефит

Нема да се најде решение сѐ додека Бугарија инсистира да ни наметне преговори за нашиот македонски идентитет, вели Марко Трошановски од Институтот за демократија за „Слободен печат“. Тој е песимист дека оваа година ќе има некаков исчекор во европската интеграција на Македонија, но додава дека разговорите меѓу двете земји мора да продолжат.

– Македонската страна нема да прифати да разговара за идентитетските прашања со Бугарија, уште помалку тие прашања да станат дел од преговарачката рамка. Но, иако нема да не доведат до членство во ЕУ, овие разговори со Бугарија не смеат да престанат. Двете држави треба да извлечат максимален економски бенефит од изградбата на патишта, пругата, соработката на компаниите итн. Но, нема да се случи некој значаен политички исчекор – вели Трошановски. 

Прашањата за кои денеска се дискутира во мешовитата истoриска комисија, како употребата на придавката македонски во записниците од состаноците или името на самата комисија според Трошановски не се несуштински и се дел од рамката во која оваа комисија ќе ги решава отворените прашања од историјата.

На прашањето дали комисијата премногу се занимава со политика и излегува од мандатот што го има со Договорот за добрососедство, Трошановски вели:

– Затоа и велам дека сме во ќорсокак и дека скоро нема да има решение, барем не во текот на оваа 2021 година. Она што Бугарија го сака е да ни наметне идентитет, тоа е нивната цел – вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот