Трошановски: Потпишаните меморандуми со Софија се ништо без политичка волја за решение

марко трошановски
Марко Трошановски, аналитичар / Утрински брифинг

Намерата на премиерите на Македонија и на Бугарија Димитар Ковачевски и Кирил Петков прво да разговараат и да создаваат услови за економската и културна соработка, а потоа да ги решаваат отворените политички прашања според повеќето аналитичарите е добра, но потребно е време за да се увиди дали е искрена и одржлива. Марко Трошановски од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ на новиот развој на односите меѓу Скопје и Софија гледа како на симболичен чекор што може да ја релаксира тензијата и да создаде конструктивна атмосфера за натамошна работа, како и обид за анулирање на негативниот дел во двете општества, односно на оние сили кои не сакаат да се реши спорот.

– Беа потпишани меморандуми за соработка, но тоа се само документи за намера, не се обврзувачки документи и нема да значат ништо ако нема политичка волја натаму да се реалзираат тие намери. Го видовме тоа и со Преспанскиот договор, после кој имаше потпишани меморандуми за одредена соработка, што потоа не се остварија. Двајцата премиери навистина имаат автентична намера да ги приближат општествата и да создадат услови за решавање на спорот, но имаат и проблеми, особено бугарскиот премиер, тие договорени решенија да ги обезбедат и со поддршка во самите влади и со мнозинство во парламентите. Останува да се види дали искажаните намери и оценки навистина ќе донесат исчекор или се само купување на време. Има деструктивни сили и во двете општества, но особено се видливи во бугарското општество каде се уште е големо руското влијание и се негува силен националиситички наратив – вели Трошановски за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот