Трошановски: Не чувме идеја од ЕУ како да се реши спорот со Бугарија

Европската унија вчера јасно порача дека Македонија и Албанија нема да бидат разделени во евроинтеграцискиот процес, наспроти изјавите на еврокомесарот Оливер Вархељи, но не понуди идеја како да се надмине идентитетскиот спор што Бугарија прво ѝ го наметна на Македонија, а потоа ја блокира.

Според Марко Трошановски од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ после дипломатската офанзива во Брисел на премиерот Заев и министрите Никола Димитров и Бујар Османи се јасни неколку работи.

„Добро е што се реафирмираше намерата на Европската Комисија за Македонија и Албанија да останат во пакет во пристапниот процес кон ЕУ. Но, од друга страна не се случи никаков притисок кон Бугарија, не слушнавме за никаков предлог или идеја од ЕК за да се надмине спорот и да биде усвоена преговарачката рамка на која Бугарија стави блокада“ – вели Трошановски за „Слободен печат“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот