Тропски мафини

Profimedia

Состојки:

2 јајца
150 грама маргарин
200 грама шеќер
100 грама кокосово брашно
500 грама обично брашно
5 банани
500 грама конзервиран ананас или еден свеж ананас
100 грама боровинки
1 ванилин шеќер
1 лажичка сода-бикарбона

Подготовка:

Во подлабок сад изматете ги јајцата заедно со шеќерот, додека не добиете цврста пена. Потоа во смесата додајте ги ванилиниот шеќер, стопениот маргарин, една лажичка сода-бикарбона и повторно убаво измешајте. На крај додајте ги двете вида брашно.

Бананите и ананасот иситнете ги со рачен блендер и додајте ги во смесата за мафини. На самиот крај додајте ги и боровинките и сето тоа убаво измешајте го со лажица.

Смесата сипете ја во калап за подготовка на мафини. Печете во претходно загреана рерна на температура од 180 степени околу 25 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот