Тропската бура Кристобал предизвика поплави во Мексико

Фото: EPA-EFE/Cuauhtemoc Moreno

Тропската бура Кристобал предизвика поројни дождови и големи поплави во некои делови на Мексико, но според прогнозите би можела до вечерва да премине во „тропска депресија”, соопшти американскиот Центар за урагани.

Бурата Кристобал, со брзина на ветрот од 75 километри на час, го погодила брегот на Мексико 35 километри од Сијудад дел Кармен.

Според американскиот Центар за урагани, се очекува бурата повторно да зајакне утре изутрина.

Мексиканската војска евакуирала 138 лица во градот Кампече поради поплавите кои претставувале опасност за домовите, а полицијата предупреди дека патиштата се поплавени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот