Тројца повредени во сообраќајка на автопатот Гостивар – Тетово

Три лица денеска се повредени во сообраќајка на автопатот  Гостивар – Тетово.
Според СВР Тетово, околу 12 часот и 20 минути во близина на гостиварската наплатна станица се судриле две патнички моторни возила со гостиварски регистарски таблици, „ауди A 3″ , што го управувала 23-годишната гостиварка М.Т. и „БМВ”, управувано од 59-годишниот гостиварец Ш.З.
Двајцата возачи и сопатничка од „аудито” A.J. (30) од Гостивар се пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад” за укажување на лекарска помош.
По овластување на јавен обвинител, увид изврши екипа од Полициската станица Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот