Тројно убиство во Белград, телата најдени во септичка јама (ВИДЕО)

Драгослав Јовановиќ, кој пукаше во својата сопруга минатата година во Нов Белград е осомничен за убиство на три лица.

Станува збор за Ш.Н. (1997), неговата мајка Ш.Д. и тетката П.М., пишува Вечерњи новости. Нивното исчезнување е пријавено на 10. јуни. Таткото на Јовановиќ се посомневал дека Драгослав ги убил овие три лица.

Според трагите од истрагата, Јовановиќ наводно ја повикал помошничката од својата перална, ѝ рекол дека има посебна задача за неа и дека добро ќе ја плати „но да го држи јазикот зад забите“.

Жената потоа раскажала дека во неговото „БМВ x5“ имало траги од крв. Во меѓувреме бил пронајден телефонот на исчезнатиот Ш.Н., а телата се најдени во септичка јама. Се испитуваат мотивите, а не се исклучени и нерасчистените сметки во врска со работата која ја водел Јовановиќ.

Јовановиќ во понеделникот пукал во сопругата, а потоа и во себеси, па по неколку дена им подлегнал на повредите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот