Тројца судии од Апелација заразени со коронавирус, останува затворен кривичниот оддел

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Кривичниот оддел на Апелацискиот суд во Скопје и наредната недела нема да работи, соопшти денеска скопска Апелација, без да објави детали за причините.

Но како што објави Телма, причина за затворање на овој оддел е тоа што тројца судии се заразени со коронавирус, а останатите петмина се во самоизолација.

Претходно уште една судијка во кривичниот оддел била позитивна на ковид – 19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот