Тројца судии ќе одлучат дали Боки 13, Јанева и Милевски ќе седнат на обвинителна клупа

Наредната недела скопскиот кривичен суд ќе го оценува обвинението за случајот „Рекет“. Тројца судии од кривичниот совет на скопска „единица“ ќе пресечат дали ќе има судење за поднесеното обвинение од страна на шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. Обвинителката, планира на обвинителна клупа да седнат Бојан Јовановски, ексшефицата на СЈО Катица Јанева и Зоран Милевски.

Паралелно, адвокатскиот тим на Јанева, најави дека ќе поднесат приговор на обвинението, со што судот ќе го добие наредната недела. Адвокатката на ексшефицата на СЈО во изјава за медиумите вели дека очекуваат Јанева да излезе од затворскиот притвор.

Кривичниот суд засега нема решено дали ќе ја прифати гаранцијата од три станови за Јанева да излезе од скопскиот истражен затвор. Претходно, Апелација не го разгледа предлогот, зашто скопска „единица“ го отфрлил како неоснован, без да донесе прецизна одлука.

Да излезе од притвор бара и првообвинетиот Јовановски, кој се жали на влошена здравствена состојба поради хируршки зафати. Според неговата одбрана, тоа го спречило Јовановски да ја објасни својата верзија на случајот „Рекет“.

Јовановски и Милевски се товарат за кривичното дело  примање награда за противзаконито влијание, а Боки 13 дополнително и за перење пари. Додека поранешната специјална обвинителка за злоупотреба на службената положба. Според обвинителството, Јовановски влијаел кај Јанева, за осомничениот во случајот „Империја“ на СЈО Камчев да излезе од притвор, а Камчев за тоа на Јовановски и на Милевски им дал еден и пол милиони евра. Зделката за Јанева се 50.000 евра и тросед, двосед и фотелја вредни околу 5.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот