Тројца скопјани каснати од куче, меѓу кои и малолетно дете

Во текот на вчерашниот ден на територијата на Скопје од тројца граѓани на различни локации пријавили дека биле каснати од кучиња скитници.

Првиот случај бил пријавен околу 11.00 часот во Полициската станица Центар, каде С.Б.(23) од Скопје пријавил дека на Кеј „13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Подоцна Ц.М.(66) од Скопје во Полициската станица Аеродром пријавила дека на булеварот „Видое Смилевски Бато“ била касната од улично куче во пределот на левата нога.

Третиот случај бил пријавен во 17.30 часот во Полициската станица Центар, кога К.Ч.(35) од Скопје пријавил дека на улица „Ѓорѓи Пешков“ неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот