Тројца скопјани и тетовец уапсени за дрога

Четири лица биле уапсени откако кај нив била пронајдена дрога, информира МВР.

Четири лица биле уапсени на територијата на Македонија вчера, откако кај нив била пронајдена дрога, информира МВР.

Вчера во 20.45 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.А.(22) од село Јеловјане, тетовско, и Г.Ј.(19) од село Урвич, тетовско, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја и марихуана.

Вчера во 21.20 часот на улицата „Шидска“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(27) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Истиот ден во 22.45 часот на булеварот „Партизански одреди“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.С.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Ноќеска на улицата „Женевска“, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот