Тројца штипски здравствени работници позитивни на КОВИД-19

Во Штип се регистрирани нови шест случаи позитивни на КОВИД-19, од кои тројца се здравствени работници од штипската Клиничка болница, информираше кризниот штаб на Општина Штип.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев потврди дека резултатите се позитивни за болничар, медицинска сестра и еден лекар специјалист, кој не е од Инфективното одделение.

Во Штип по случајот со 80 годишната жена, која во вторникот ја загуби битката со коронавирус, а беше примена со негативен тест и дијагноза бронхопневмонија позитивни на коронавирус се вкупно четворица здравствен работници. Негативни се тестовите за  пет медицински лица од Инфективното одделение, а за остантите шест се чекаат резултатите да пристигнат во текот на утрешниот ден. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот