РАНЕТИ РУСКИ ГРАНИЧАРИ ВО НАПАД: Екипажот на севернокорејскиот брод пукал на Руси!

Тројца припадници на руската погранична служба се ранети денес во напад на екипажот од севернокорејски чамец кој се занимавал со ловокрадство во Јапонското море, објави руската федерална служба за безбедност.

„Членовите на екипажот на севернокорејскиот чамец, во кои имаше повеќе од 45 луѓе, извршиле вооружен напад на членовите на надбљудувачките групи на бродот на пограничната служба. Тројца граничари се тешко ранети“, наведоа од руската федерална служба за безбедност.

Руската агенција Тас додава дека граничарите преземале одлучни мерки за сузбивање на илегалните активности.

Според наводите, два севернокорејски чамци и 11 моторни чамци влегле во руската економска зона во Јапонското море и тие се запленети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот