Тројца повредени во судар на два мотоцикли

Фото: МИА

На скопскиот булевар „Партизански одреди“ вчера околу 14.30 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „априлија“ управуван од Б.А. (19) од Скопје и мотоцикл „баотиан“ управуван од З.Л. (47) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил З.Л. и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош, додека полесно е повреден Б.А. и неговиот сопатник А.М.(18) од Скопје кои биле пренесени во градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот