Тројца повредени во сообраќајка во Прилеп

Фото: Илустрација

Увид на местото извршила екипа од полициската станица Прилеп.

Ноческа во 4.25 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев” и ул.„Кузман Јосифовски Питу” во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес”, со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.М.(24) од Прилеп и патничко возило „опел зафира”, со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(45) од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Ф.В.(26) и Д.А.(18), двајцата од Прилеп, сопатници во возилото „мерцедес”, додека со телесни повреди се здобил возачот на истото возило, констатирани во општата болница во Прилеп.

Увид на местото извршила екипа од полициската станица Прилеп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот