Тројца повредени во сообраќајка кај велешко Иванковци

Фото: МИА

Според првичните информации од терен, најверојатно причина и за оваа несреќа како и вчерашните две  била густата магла и лизгавиот пат.

Три лица се полесно повредени во сообраќајка што утрово околу 8 часот се случи пред велешкото село Иванковци, наспроти гробиштата. Повредените со возило на Брза помош, по укажаната прва медицинска  помош од медицинскиот тим  и д-р Сања Димитрова,  итно биле пренесени во Велешката болница

Во сообраќајката имало судир на автомобил во комбе, кое пак претходно се удрило во друго комбе. Повредените лица се од автомобилот.

Портпаролот на Општа болница – Велес Тодор Јаковлевски за МИА изјави дека сите тројца повредени се здобиле  со полесни телесни повреди и се задржани на Хирушкото одделение на опсервација.

-Тоа се тројца жители на село Иванковци,  М.К (67), М.Ѓ (59) и Д.М.(55) години, кој бил возач на автомобилот, на кои итно им беа направени рентген снимање и лабараториски испитувања, а на еден од нив и компјутерска томографија на глава и врат. Лекарите констатираа само полесни телесни повреди,но сепак се задржани на опсервација во Хирушкото одделение, информира Јаковлевски.

Според првичните информации од терен, најверојатно причина и за оваа несреќа како и вчерашните две  била густата магла и лизгавиот пат.

Како што дознаваме од очевидци од терен претходно имало судир на две комбиња, по што автомобилот иако бавно се движел, сепак поради лизгавиот пат се удрил во едно од комбињата.

Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски за МИА  информира дека полицијата се уште прави увид во несреќата, а локалниот пат за Иванковци повторно е пуштен во сообраќај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот