10 C
Скопје

Тројца повредени во сообраќајка кај Охрид

За незгодата е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Ноќеска во 5.40 часот на магистралниот пат од Подмоље кон Охрид во близина на бензинска пумпа се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.П.(33) од Струга, патничко моторно возило „фолксваген“ со охридски регистарски ознаки управувано од Д.Љ.(54) од Охрид и патничко моторно возило „рено-лагуна“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Л.(39) од с.Оровник.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.П., а додека со повреди се здобиле Д.Љ., И.Л. и сопатникот во патничко моторно возило „рено-лагуна“, Н.Ј.(22) од с.Лескоец. Сите учесници во незгодата се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ и во Општа болница Охрид, за укажување на лекарска помош.

За незгодата е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Прочитајте и...  Врие од ковид хоспитализации во Охрид: Најстариот пациент има 92 години

Поврзани вести

Приведени шест лица од Прилеп барани со потерници

Слободен печат

Дилер осуден на три години затвор

Слободен печат

Во Велес пријавени две одвоени физички пресметки

Слободен печат

ВИДЕО: Приведени три лица од фабрика за канабис, запленети над шест килограми дрога

Слободен печат

Тешка сообраќајна незгода во Радовиш: Пешак се здоби со телесни повреди

Слободен печат

Трагедија во Неготино, загина тракторист

Слободен печат

Остави Коментар