Тројца повредени откако „југо“ удри во бетонска ограда

Фото: Илустрација

Ноќеска во полиција е пријавено дека во Скопје, на улицата „5“ во населбата Ѓорче Петров, возило „југо“ управувано од К.Г.(19) од Скопје, удрило во бетонска ограда и се превртело.

Во незгодата, сопатникот Д.В. (18) од Скопје се здобил со тешки повреди, а сопатниците Д.Н. (18) и А.Т. (23), двајцата од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплексот Клиники „Мајка Тереза“, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот