Тројца повредени на патот Маврови Анови-Дебар

Фото: МИА

Три лица се повредени откако автомобилот со кој се превезувале излетал од коловозот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар.

Сообраќајната несреќа се случила изутрината околу 8 часот во близина на Скудрињски мост. Од сé уште непознати причини, возачот на возилото „пасат” со албански регистерски ознаки изгубил контрола.

Покрај возачот А.Б. (32) албански државјанин, во болниците во Дебар и Гостивар пренесени и двајца сопатници, 19-годишна девојка и 34-годишен маж.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот