Тројца повредени на патот Битола – Прилеп – Слободен печат
Хроника

Тројца повредени на патот Битола – Прилеп

Тие биле пренесени во клиничката болница во Битола каде им е укажана лекарска помош.  

На патот Битола – Прилеп, во близина на село Вашареица, вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од П.К.(75) од село Кривогаштани и патничко возило „шевролет спарк“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј. (73) од Битола.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Ј.Ј и сопатниците од истото возило, Ј.Б.(47), Г.Ј.(69) и 17-годишник, сите од Битола.

Тие биле пренесени во клиничката болница во Битола каде им е укажана лекарска помош.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close