Тројца починати пациенти на Инфективно во Велес

Болницата во Велес / Фото: Архива на „Слободен печат“

На инфективното одделение во Општата болница во Велес денеска починаа тројца пациенти – маж и жена на возраст од 78 години, потврдени позитивни и уште еден маж на 71 година кој бил примен во тек на вчерашниот ден со многу мала сатурација и пневмонија типична за ковид, но не бил тестиран, информира портпаролот на болницата, Весна Неделковска Николова.

Бројот на починати во Велес и велешко од почетокот на пандемијата на ковид-19 се зголеми на 47.

Од вкупно 88 хоспитализирани пациенти со ковид на трите одделенија во велешката Општа болница, на инфективното има 59 пациенти, што воедно е најголема бројка на хоспитализирани од почетокот на пандемијата.

Инфективното одделение со 59 пациенти е преполно, а капацитетот по вторпат е проширен. На почетокот имаше 35 кревети, потоа 54 кревети, а сега 59 кревети, колку што има и пациенти во оваа одделение. Целосно е исполнето и интерното одделение Б крак со 15 пациенти колку што има и кревети. На физикалното одделение со 25 кревети има 14 пациенти.

Инаку од 88 пациенти, 73 се потврдени позитивни, девет се сомнителни и шест со негативни контролни тестови, а 30 од нив добиваат кислородна поддршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот