Тројца отсутни го одложија рочиштето за „Топлик“

Кривичен суд/Фото: Драган Митрески

Судијата од Кривичниот суд Осман Шабани беше принуден денешното рочиште за случајот „Топлик“ да го одложи за 11 декември, бидејќи денеска тројца инволвирани во рочиштето беа отсутни. Во судница не дојде јавен обвинител, адвокат на еден од обвинетите и еден обвинет, кој пак писмено го известил судот дека е во самоизолација поради контакт со заболен од коронавирус.

Предметот „Топлик“ се однесува на изградбата на населбата „Сончев град“, за која поради недостатоци настанати при склучување на договорот за нејзина изградба, буџетот бил оштетен за околу еден милион евра.

Во предметот обвинети се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пет други лица. Јанакиески, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот