17.8 C
Скопје

Тројца одлични играчи на „радарот“ на Барса!

Се подготвува возбудливо лето во Каталонија, односно клубот има намера да направи реконструкција на тимот за наредната натпреварувачка сезона 2021/2022.

Според шпанските медиуми, вкупно три имиња се главни „мети“ на тимот од „Камп Ноу“ кој денеска беше ударна вест поради апсењето на поранешниот претседател Жозеп Марија Бартомеу.

Каталонците сакаат да го вратат своето дете и моментно член на Вулверхемптон, Адама Траоре, иако последните шпекулации велат дека не се покажува повеќе интерес за шпанскиот репрезентативец. Желби се и членот на Манчестер сити, Ријад Марез, како и Лаутаро Мартинез (Интер) кој веќе подолг период се поврзува со дресот на Барса.

Едно е јасно, Барселона сака да го засили офанзивниот ред, а секако ова отвора уште прашања околу иднината на одредени фудбалери. Од друга страна, пак, навивачите на овој тим проценуваат дека одбраната треба да се освежи со нови имиња.

Барса зад себе има тешка сезона, претстојните претседателски избори ќе кажат многу околу апетитите, а фудбалскиот свет сигурно со големо внимание ќе ја чека и одлуката на еден од најдобрите играчи на планетата, Лионел Меси кој има важечки договор до крајот на оваа сезона.

ФК Барселона со соопштение: Ќе соработуваме со полицијата!

Поврзани вести

И Тим се откажа од настап на ОИ во Токио

Слободен печат

Бразил го растури Перу, Нејмар во лов на рекордот на Пеле

Слободен печат

ВИДЕО: Милвоки се ибори за мајсторка, Мидлтон и Јанис го срушија Бруклин

Слободен печат

Пандев и Ангеловски го прекршија протоколот на УЕФА, беа на вечера со семејствата

Слободен печат

ПСЖ е главен фаворит за потпис со Рамос

Слободен печат

ВИДЕО: Холандска доминација над Австрија за пласман во осминафиналето

Слободен печат

Остави Коментар